„Сведмилк“ ќе го добие тој што ќе понуди повеќе пари

Bez autora
Mar 29 2012

Наскоро, можеби уште за десетина дена, пропадната млекарница „Сведмилк“ ќе добие нов газда. Млекарницата ќе ја добие компанија што ќе понуди повеќе пари за неа. Засега се во игра ЗИK „Пелагонија“ во конзорциум со дистрибутерската куќа „Еуротабак“, која неодамна достави понуда вредна 5,5 милиони евра до НЛБ Тутунска банка како главен доверител, а претходно за млекарницата се заинтересира и турската фирма „Суташ“, која наводно е подготвена да плати 4,4 милиони евра. Првиот човек на НЛБ Тутунска банка, Ѓорги Јанчевски, за „Дневник“ потврди дека хипотеката на банката врз „Сведмилк“ е пред реализација и очекува наскоро, можеби веќе за десетина дена, млекарницата да добие нов газда. „Сведмилк“ е пред реализација, односно пред продажба. Ние разговаравме со турски „Суташ“, а во меѓувреме дојде понуда и од ЗИK „Пелагонија“. Повеќе шанси ќе има тој што ќе даде повеќе пари и тој што ќе плати веднаш.

„Сведмилк“ ќе го добие тој што ќе понуди повеќе париНаскоро, можеби уште за десетина дена, пропадната млекарница „Сведмилк“ ќе добие нов газда, дознава „Дневник“.

Млекарницата ќе ја добие компанија што ќе понуди повеќе пари за неа. Засега се во игра ЗИK „Пелагонија“ во конзорциум со дистрибутерската куќа „Еуротабак“, која неодамна достави понуда вредна 5,5 милиони евра до НЛБ Тутунска банка како главен доверител, а претходно за млекарницата се заинтересира и турската фирма „Суташ“, која наводно е подготвена да плати 4,4 милиони евра. Првиот човек на НЛБ Тутунска банка, Ѓорги Јанчевски, за „Дневник“ потврди дека хипотеката на банката врз „Сведмилк“ е пред реализација и очекува наскоро, можеби веќе за десетина дена, млекарницата да добие нов газда.

- „Сведмилк“ е пред реализација, односно пред продажба. Ние разговаравме со турски „Суташ“, а во меѓувреме дојде понуда и од ЗИK „Пелагонија“. Повеќе шанси ќе има тој што ќе даде повеќе пари и тој што ќе плати веднаш – вели Јанчевски, додавајќи дека како менаџери на банката треба да го штитат интересот на банката и на нејзините акционери.

Според Јанчевски, разговорите со турската компанија биле во завршна фаза, кога дошла и другата понуда, која се разгледува и се очекува органите на банката да донесат одлука.

За пропаднатата млекарница „Сведмилк“ само еднаш, летоска, имаше неуспешна лицитација.

Го побаравме и извршителот Гордан Станковиќ, кој не сакаше да открие повеќе детали, со образложение дека се тоа доверливи информации.

Инаку, ЗИK „Пелагонија“ неодамна официјално до Тутунска банка, како најголем доверител по основ на кредити во пропаднатата млекарница „Сведмилк“, достави понуда во вредност од 5,5 милиони евра за нејзин откуп. Kомбинатот соопшти дека има сопствено дневно производство од 23 тони млеко. Плановите се преостанатите потребни количества да се откупуваат од производителите на млеко како во Битолско, така и во Скопско. Kомбинатот планира производителите на млеко да добиваат помош во обезбедувањето добиточна храна и концентрат потребни за исхрана на добитокот, а исто така и стручните луѓе од комбинатот ќе даваат совети како да се зголеми продуктивноста за да се достигнат нормите на Европската унија.

Kомбинатот е најголем производител на сточна храна и на концентрат во земјава, има и сопствено производство на млеко и за заокружување на целиот процес потребен е и капацитет за преработка, за што „Сведмилк“ е идеален бидејќи има современи машини. Плановите на менаџментот се со рестартирање на капацитетот и со планираните активности од страна на комбинатот да се придонесе за развој на фармерството во Македонија. Се планира на кооперантите да им се понудат поволни откупни цени и друг вид помош.

Освен ЗИK „Пелагонија“, во понудата е вклучен и „Еуротабак“, кој е еден од најголемите дистрибутери во земјава, со 8.000 малопродажни објекти и со 18 регионални дистрибутивни центри, со магацински простор од 5.000 квадрати.

Инаку, побарувањата на НЛБ Тутунска банка, како најголем хипотекарен доверител во „Сведмилк“, се проценуваат на околу 9,5 милиони евра. Стечајот во „Сведмилк“ почна во јуни 2009 година, кога судот го прифати барањето на стечајниот управник Богољуб Макревски и на четири доверители за отворање стечајна постапка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik